Правењето на фотографии со ретро изглед е нов тренд кој се шири во светот и апликациите како Instagram и Hipstamatic кои го олеснуваат процесот стануваат сè попопуларни. Но за еден љубител на фотографија од Америка, овие апликации не биле доволни.
Наместо да го создаде ретро изгледот со помош на апликација, или со купување на стар фотоапарат, Џејсон Богнацки решил да комбинира два методи – стара леќа од фотоапарт направен во 1919 година и модерен дигитален фотоапарат. Тој успеал да ги спои овие различни технологии и да создаде бизарен хибрид.
„Го имав овој Пиколет Контеса-Нетел компактен фотоапарат со години. Тоа беше одлично парче од историјата на фотографијата кое собираше прав на една од моит полици. Сакав да видам дали сè уште може да прави фотографии па ја споив со мојот Canon 5D апарат и ова се резултатите.“
Фотографиите, меѓу кои има фотографии од неговото куче и пејсажи, стнале интернет хит бидејќи претставуваат ретро фотографии во дигитален формат. „Оваа леќа е стара речиси еден век но сè уште создава јасни и чисти слики… неверојатно.“ Тој има правено експерименти со десетици други стари апарати и резултатите од обидите ги објавува на неговиот блог.