Димитров: Идејата на Договорот со Бугарија беше историјата да им се остави на историчарите

„Идејата на договорот беше историјата да им се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и со иднината. Да ги решаваме билатералните прашања билатерално, без тие да бидат пречка на патот кон ЕУ“, пишува вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, по интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС, за кое не стивнуваат реакциите ниту во земјава, ниту во регионот.

„Македонскиот јазик и самоопределување, државотворноста и идентитетот ниту можат да бидат пречка за интеграција со Унија која почитува културни и јазични различности како темелна вредност, ниту можат да бидат пречка за вистинско пријателство, бидејќи тоа секогаш се базира на взаемна почит“, пишува Димитров, додавајќи тоа е негов принципиелен став и дека е битка не само за македонската суштина, туку и за сржта на европските вредности, од кои, како што порача, нема отстапување.

„Ова е бесмртниот ‘вирус’ на идеали против кој залудно се бара ‘вакцина’ “, додава Димитров, откако во Бугарија беше посочен како „поопасен и од коронавирусот“ за односите меѓу двете земји.

- Реклама -