Димовски не се бyни што во НАТО фигурира како делегат од „Северна“, се бpaни дека никогаш не ја изговорил придавката

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Илија Димовски, чија пapтија но и тој постојано повторуваат „Никогаш Северна, само Македонија“, отстапуваат од ова мото кога излегуваат од државава. По сѐ изгледа не им пречи и не вложуваат никаков отпор или протест кога се потпишани како делегација од Северна Македонија, пишува „А1он.мк“, алудирајќи на тоа дека Димовски, како шеф на делегацијата на Парламентарното Собрание на НАТО, е завeдeн под името „Северна Македонија“.

Како што пишува порталот повикувајќи се на досегашните информации, Димовски не вложил никаков протест ниту искоментирал дека му пречи да седи во НАТО фотелјата и да зема дневници запишан под новото име на државата.

Димовски, пак, вели дека на оваа позиција е ставен уште пред да се смени името, но уште поважно, категоричен е дека никогаш не ја употребил придавката „Северна“. Вели и дека не ја напушта позицијата во знак на протест бидејќи не го прифаќа равенството дека ако си за НАТО, тогаш си и за Преспанскиот договор, и обратно.

Прочитајте и:  Мециновиќ: Со малограѓански сценарија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакаа да избегнат одговори на прашањата поставени од Левица

„Сум имал средби и со претставници од грчкиот парламент како и средби со шефови на сите делегации и одговорно трвдам дека и во нивно присуство, новото име не сум споменал. Секогаш велев ‘македонската држава’, ‘државата на македонскиот народ’, но Норт Македонија никогаш. Има записници од тие средби, може да се провери, дека јас како Илија Димовски секогаш сум стоел цврто на своите ставови“, изјавил Димовски за „А1он“.

Повеќе ТУКА.

 

- Реклама -