Диносауруси шетаат во музеј (видео)

Повеќе... Иако не е баш некој Јура Парк, природнонаучниот музеј во Лос Анџелес реши да им ја доближи (пра)историјата на децата, пуштајќи реплики од диносауруси во природна големина (Tyrannosaurus rex и Triceratops) да се шетаат низ ходниците.

Иако не е баш некој Јура Парк, природнонаучниот музеј во Лос Анџелес реши да им ја доближи (пра)историјата на децата, пуштајќи реплики од диносауруси во природна големина (Tyrannosaurus rex и Triceratops) да се шетаат низ ходниците.

{youtube}CX3QCaqLtJ8&eurl{/youtube}

За да ги оживеат и да се осигураат за автентичноста на деталите и движењата на диносаурусите, палеонтолозите од музејот соработуваа со произведувачите на кукли и изведувачите во куклен театар. Овие неверојатно реалистични креатури треба да им помогнат на посетителите подобро да го разберат однесувањето, анатомијата и тактиките на преживување на овие два вида диносауруси.

Прочитајте и:  Музеј или џамија? Остри реакции по отворањето на првиот Музеј на христијанското и исламското културно наследство
- Реклама -