Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска реализираше работна посета во Струмица, вклучувајќи го и локалното полициско одделение и Граничниот премин Ново Село, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, за време на посетата, Јанев имаше прилика да се запознае со актуелните состојби и предизвици со кои се соочуваат полициските службеници на терен. На средбите се дискутирало за безбедносната ситуација, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за напорите за спречување на прекуграничниот криминал.




