Директорот на Детската клиника обвинува дека на социјалните мрежи се води хајка против него и установата

„Да, имаме специјализанти што дежураат. Но, во секое време се достапни и специјалистите, кои исто така дежураат. Секако дека имаме недостаток на кадар. Во последните 15 години од оваа Клиника заминале 40 специјалисти, половина од нив во пензија, а половина во приватното здравство. Зошто се случил ваков егзодус на стручен кадар од Детската клиника? Тоа прашање треба да се анализира. И овој проблем јас сум го наследил. Ова треба да се решава во од, тоа не може да се реши преку ноќ“, вели Мемеди

Изминатиот период има кампања против Универзитетската клиника за детски болести, но и пред мене иницирана од поединци што имаат лични интереси и болна намера за власт и позиција, преку злоупотреба на детски судбини. Ова денеска на прес-конференција го соопшти директорот на Детската клиника во Скопје, Реџеп Мемеди, посочувајќи дека тие лица немаат смелост да излезат јавно со име и презиме, туку се кријат позади лажни фејснбук-профили.

Од денешната прес-конференција на директорот на Детската Клиника, Реџеп Мемеди / Фото: Принтскрин

„Има тенденција да се прикаже дека за време на моето диреекторување, што е само четири месеци, има голема стапка на смртност на клиниката. Но, фактите го говорат спротивното“,

рече тој.

Посочи дека во однос на смртноста на клиниката, сега има двапати помала стапка во споредба од пред пет години.

„Според податоците од информатичкиот систем на Детската клиника, се гледа дека имаме трипати помала смртност во споредба со пред девет или 10 години, кога во просек имало и по девет умирања месечно, односно на секој трет ден по еден смртен случај просечно, во време кога други директоруваа со оваа клиника и имаше друга власт во државата“,

вели директорот.

Во изминатите четири месеци откако е директор, Мемееди вели дека затекнал многу наталожени проблеми на клиника, од кои ја посочи кујната каде се подготвува храна за децата и бебињата, за која смета дека е во амортизирана состојба и е со инвентар стар преку 20 години.

„Лифтовите се стари над 40 години и два од нив се вон функција, а надвор од употреба е и хидрофорот од кој се напојуваат со вода хидрантите. Една од тие пумпи е хидрофор што обезбедува притисок за хидрантите што се на спратовите во објектот. Тој хидрофор од 2018 година е надвор од функција. Замислете да имамеее пожар на некој од спратовите, ние немаме притисок, немаме вода за гасење на пожат. Тоа е високо ризичен момент“,

рече тој.

Прашан да даде коментар за забелешките од инспекцискиот надзор дека на Клиниката дежураат специјализанти, посочи дека недостатокот на кадар е системски проблем во здравството.

„Да, имаме специјализанти што дежураат. Но, во секое време се достапни и специјалистите, кои исто така дежураат. Секако дека имаме недостаток на кадар. Во последните 15 години од оваа Клиника заминале 40 специјалисти, половина од нив во пензија, а половина во приватното здравство. Зошто се случил ваков егзодус на стручен кадар од Детската клиника? Тоа прашање треба да се анализира. И овој проблем јас сум го наследил. Ова треба да се решава во од, тоа не може да се реши преку ноќ“,

кажа Мемеди.

Во однос на забелешките од надзорните комисии за трите починати деца на оваа Клиника, рече дека само во едниот случај имало стручни забелешки.

За последниот случај вели дека ќе има стручен надзор, по што ќе има и конкретни наоди. За новороденчето од Струмица, пак, рече дека стручниот наод утврдил дека нема стручни пропусти.

За починатото 14-месечно бебе посочи дека е формирана комисија за утврдување одговорност за дисциплински пристап врз основа на извештаите на Комисијата а стручен наод, а постапката е во тек.

- Реклама -