Директорот на училиштето: Нема насилство, фрлањето на девојчето од прозор било игра

Од билтенот на МВР денес посебно боде очи веста за основците од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром, кои фрлиле своја 14-годишна соученичка од прозор на првиот кат на училиштето.

Иако девојчето се здобило со повреди, а социјалните мрежи „горат“ од острите реакции и повици за одговорност, според директорот на училиштето – Александар Филипчев, во случајот не станува збор за насилство. Во телефонска изјава за 1ТВ, тој вели дека станува збор за „детска игра која учениците ја играле веќе некое време“, а девојчето доброволно учествувало во истата.

 

„Се работи за детски непромислености. За време на одморот, децата си играле, девојчињата свесно учествувале во играта“ – вели Александар Филипчев за 1ТВ. Тој додава и дека училиштето ги презело сите потребни мерки, од разговори и советување со родителите, до педагошки мерки за учесниците. Повеќе детали на 1ТВ.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“
- Реклама -