Не е важно само што зборувате во спалната соба, туку и начинот на кој го правите тоа. Зборовите се многу моќно оружје во секој аспект од животот, а најчесто во креветот се запоставени. Следете ги овие неколку правила за да си го зачините сексуалниот живот со dirty talk.
Треба да знаете што сакате
Заборавете на тоа што сте гледале во филмовите. Најголем број жени не може да доживеат оргазам при пенетрација, а затоа им е потребна дополнителна стимулација. Кажете му на партнерот што точнo ви треба за да достигнете климакс, а сигурно имате и некоја еротска фантазија што сакате да ја остварите.
Побарајте го тоа што го сакате
Мажите многу се возбудуваат од зборовите во креветот, затоа што тие сакаат да ги визуализираат вашите желби и барања. Доволно е само да му кажете дека сте го гледале додека го мие автомобилот, ви бил многу привлечен и сте замислувале како со сунѓерот минува низ целото ваше тело.
Одберете ги зборовите
Многумина сметаат дека под dirty talk се подразбираат само непријатни зборови. Напротив, доволно е само да кажете што вие сакате и што ве возбудува. За почеток побарајте нежно да ве бакнува по вратот, а потоа останатите желби ќе дојдат природно и спонтано.
Искажете ги фантазиите
Ако фантазирате да имате секс на масата во кујна, визуализирајте си ја сцената и потоа само раскажете му ја на партнерот. Важно е да се чувствувате пријатно додека зборувате, а сликите во главата може многу да ви помогнат во тоа.
Може и едноставно
Ако ви е тешко да се замислите во улога на страстен зборувач во креветот, едноставно кажете му на партнерот дека го посакувате, во кој било момент. Најважно за „валканото зборување“ е во него да уживате и да го доживувате како забава.