Дизни направија Доналд Трамп робот (видео)

Во 1964 година, во рамките на Светскиот саем во Њујорк, Волт Дизни откри роботска фигура на претседателот Линколн. Публиката беше воодушевена од технолошкиот развој на студиото Дизни, ама и воопшто.

Шоу турнеите низ САД беа толку популарни, што тоа ги постави основите на еден тренд што трае до ден денес – „Hall of Presidents“.

Халата со роботски фигури на претседатели се наоѓа во Magic Kingdom во Орландо, а од вчера има нов „експонат“ – робот на Доналд Трамп.

Луѓето не се задоволни. Не затоа што не го сакаат Трамп (океј, малку и за тоа), туку зашто роботот е како најужасна можна верзија на 45-от американски претседател.

Прочитајте и:  Запрен судскиот процес против Трамп за обидите да го поништи резултатот од изборите во 2020 година

На Интернет се зезаат дека повеќе личи на Хилари Клинтон во одело на Трамп, отколку на самиот Трамп.

Туку, ајде ние да видиме до каде е технолошкиот развој на Дизни.

 

- Реклама -