Заборавете на склековите, вежбите и теретаните. Ако вашата амбиција се однесува само на тоа да ги импресионирате девојките, постои и побрз начин, а веројатно и поефтин, на долги стази. Се работи за иновативната поткошула дизајнирана од аматерски бокс-тренер и неговите пријатели. Се што ви треба се максимум 60 секунди за да ја облечете.
Еш Буно и Рики Робинсон ја креирале „Funkybod Muscle Top“ – маица со потполнки чија цел е да ги прекрие вашите млитави делови на горниот дел од телото со перничиња кои изгледаат како цврсти мускули. Веројатно тоа не е прв успешен обид, но она што ја прави Funkybod посебна е тоа што „мускулите“ и на допир изгледаат реални, благодарение на материјалот во вид на пена што се растегнува и прилагодува на свиснатото месо под него. По долго барање на совршениот материјал, Еш и Рики го постигнаа идеалниот ефект, па од сега, момците ширум светот ќе можат да се пофалат со широки рамења, бицепси, трицепси, развиени гради и стомачни мускули, без ниту една посета на теретаните.
Двајцата Британци ја добиле идејата кога забележале дека се повеќе перфектно здрави момци почнале да ја посетуваат нивната вежбална, со единствена цел да го подобрат физичкиот изглед и да изгледаат помускулести кога излегуваат за викендите. „Жените отсекогаш користеле градници со потполнки и други слични реквизити. Сега е ред на момците да стапат во акција. Мажите можат да бидат исто така несигурни како и жените, па ние им продаваме малку доверба“, вели Еш.
До сега, тие продале околу 1000 Funkybod маици преку нивниот веб-сајт, кој го одржуваат од дома вон работното време. маиците доаѓаат во црна и бела варијанта и во 4 различни големини, зависно од тоа колку развиен сака да изгледа купувачот.
И покрај тоа што е изумител на една ваков залажувачки реквизит, Еш е носталгичен за старите времиња од неговата младост, кога изгледот не значел многу. „Кога јас бев помлад, не беше вака. Ќе отидевме до пабот, ќе се напиевме по неколку пијачки и можеби ќе добиевме поголем стомак, но тоа беше целосно прифатливо“. Денес, машката популација мора да се адаптира на модерните стандарди, па дури и овие двајца иноватори признаваат дека носат Funkybod поткошула од време на време.