Германец се спасил од одење во затвор откако на машина за кoцкaњe освоил 1000 евра.
При рутниска контрола, двајца полицајци во една кoцкaрницa во градот Бохум, западна Германија откриле лице за кого било објавена потерница.
Овој маж требал да плати казна од 710 евра или да оди 71 ден во зaтвop, бидејќи претходно се спротиставувал на апсењето.
Непосредно пред полицијата да го извести лицето од потерницата дека ќе биде уапсено, апаратот започнал да емитува звук на добивка. И тоа не било каква добивка туку џекпот од 1.000 евра.
Среќниот добитник ја платил казната на лице место во готово.