Добра вест: Можете да ја дочекате 2017-та двапати. Лоша вест: Скапо е

image[1]

Ако сте од тие што Нова Година сакаат да ја дочекаат „лабаво“, со некое филмче, шампањ и убава дремка под ќебе, ова патување не е за вас. Авантуристичкиот лет од Сиднеј до Лос Анџелес со најбрзиот приватен авион на долги растојанија е за журкачи кои сакаат да ја дочекаат 2017-та со интензивна еуфорија, и тоа два пати, на двата краја од светот.

Временската разлика меѓу Сиднеј и Лос Анџелес е 19 часа, па летот – кој го нуди компанијата PrivateFly, не е воопшто евтин. Дуплиот дочек на новата година во G650ER (моделот на авионот) ќе ве чини вкупно 191.000 долари, т.е. по 10.600 долари по човек, под услов да се соберете друштво од 18 луѓе желни да ја поминат најлудата ноќ во авион.

До моментов на пишување, се немаат јавено заинтересирани за патувањето. И минатата година компанијата ја предложи истата маршрута, и иако имаше заинтересирани, никој не направи резервација. Сепак, тоа не значи дека понудата ќе пропадне и годинава.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Резервирањето на приватен авион обично се случува во последен момент. Приватните летови се токму привилегија на планирањето на својот распоред, вели Керол Корк од маркетинг одделот на PrivateFly. „Обично, луѓето резервираат 4-5 дена пред летот. Многу од луѓето кои користат приватни летови не сакаат да планираат однапред, така што нема да бидам изненадена ако ја резервираме турата на самата новогодишна ноќ“.

Инаку патниците сами си ја организираат забавата на летот од Сиднеј до Лос Анџелес, но притоа во цената е вклучена луксузна гозба со скапи вина, шампањско и вкусни јадења.

Летот со G650ER трае 12 часа, за разлика од комерцијалните летови кои летаат за близу 14 часа. А комерцијални директни летовине ни има во интервалот кој би им овозможил на патниците да ја дочекаат Новата Година два пати „во еден наврат“.

- Реклама -