Добредојде за Civic X

7d0c182d-8e52-414c-91b1-58f6886f5319_790[1]

Прес службата на Honda ги објави првите официјални фотографии на десеттата генерација на хечбекот Civic.

По традиција прво се презентира северноамериканската верзија на моделот, европската варијанта ќе биде прикажана на салонот во Париз во октомври, а продажбата ќе започне во почетокот на 2017 година.

Десеттата генерација на Civic се разликува многу малку од прототипот претставен оваа пролет во Женева. На фотографиите се гледа максималната модификација Sport Touring, која се одликува со поагресивен аеродинамичен пакет со заден спојлер, поголеми прагови и двоен приклучок на ауспухот. Во САД новиот Civic ќе се нуди со 1.5-литарски бензински турбодвигател со 174 или 180 КС. Максимумот на вртежниот момент и во двата случаи е 220 Nm. Трансмисија е преку шест-брзински мануелен менувач или вариатор. Според непотврдени информации во Европа основниот мотор ќе биде 1,0 литарскиот со моќност од околу 100 КС, потоа следи 1.5 турбо, а  предвиден е и 1,6-литарскиот дизел.

Опремата на новиот Civic ќе вклучува LED фарови, адаптивна контрола на крстарење, систем за контрола на движењето во лентата и функција за предупредување при евентуален фронтален удар. Моделот ќе може да се нарача со мултимедијален систем со поддршка на Apple CarPlay и Android Auto.

Следната година се очекува премиерата на суперспортската модификација Type R. Според последните податоци жешкиот хечбек ќе биде спакуван со дволитарскиот турбомотор, форсиран до 345 „коњи“.

Автоплус

- Реклама -