Добредојдовте во Гугл, Канзас

ГуглВо обид да му се додворат на интернет гигантот и да бидат одбрани за еден од градовите што ќе учествува во пилот програмата за ултрабрз интернет, граѓаните на Топика, главниот град на сојузната држава Канзас, одлучија да го променат името на својот дом.

Во обид да му се додворат на интернет гигантот и да бидат одбрани за еден од градовите што ќе учествува во пилот програмата за ултрабрз интернет, граѓаните на Топика, главниот град на сојузната држава Канзас, одлучија да го променат името на својот дом.

ГуглВо моментов, компанијата Google е во процес на избор на град(ови) за својата пилот програма во која ќе инсталираат инфраструктура што ќе поддржува интернет конекции со брзина од 1 гигабит во секунда. Во обид да им се додворат, граѓаните на Топика, Канзас, одлучија да го сменат името на градот во Гугл.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Градоначалникот Бил Бантен кој има 79 години, вели дека не го разбира во целост интернет светот и дека иако имал мејл адреса, асистентите ја завршуваат целата работа место него. Но, сепак, важно е младината од неговиот град да ги има сите можни предности што се возможни во денешницата. Токму затоа се одлучил на ваквиот чекор.

Промената на името е неофицијална и важи само за тековниов месец (март, 2010), но официјалните лица се надеваат дека ова ќе биде клучниот чекор што ќе го вклучи нивниот град во пилот програмата за ултрабрз интернет пристап. [Topeka ‘renames’ itself ‘Google, Kansas’]

- Реклама -