Добриот Самарјанин што не ги заборава гробовите на воените херои

Додека обично почитта кон воените ветерани се изразува преку разни комеморации и церемонии, спомениците на самото нивно постоење – нивните гробови, често се сосема запоставени.

Еден добар Самарјанин од Флорида го прави обратното. Тој си има земено за задача да ги чисти овие заборавени надгробни плочи, и со тоа ги открива заборавените приказни на американските воени херои. А да, и никој не му плаќа.

Човекот е Ендрју Лумиш, кој се одѕива на прекарот The Good Cemeterian – како Добриот Самарјанин, само од cemetery – што значи гробишта. После него, надгробните плочи изгледаат како нови, иако некои од нив потекнуваат и од раните 1900-ти години.

- Реклама -