Доделување на наградите од јубилејната наградна игра „70 години Макпетрол“

По повод 70 годишнината на Макпетрол АД и прославувањето на 70 години соработка со потрошувачите, компанијата креираше голема наградна игра која започна на 1 март, а заврши на 15 декември.

Денеска во продажно-сервисниот салон на Хонда беа доделени наградите од зимското финално коло од јубилејната наградна игра „70 години Макпетрол“, со што наградната игра заврши.

На настанот свое учество земаа претставници од Макпетрол АД, како и најсреќните добитници.

Година полна со предизвици и многу поводи за одбележување. 70 годишниот јубилеј на компанијата  дополнително ги зголеми нашите стремежи за подигнување на нашиот квалитет за уште едно скалило погоре. Тоа се 70 години напорно работење, исполнување на зацртаните цели, постојано воведување новитети, но најважно од се, задоволни потрошувачи. Ние постоиме и работиме за да ги задоволиме сите потреби на нашите клиенти.

За таа цел оваа година отворивме две нови, а реновиравме и неколку постоечки бензински станици, секогаш посветени да обезбедиме најдобра услуга и производи со врвен квалитет. Овој јубилеј не потсети колку многу должиме на нашите верни потрошувачи, бидејќи сме свесни дека без нив Макпетрол не би бил таму каде што е денес.

Затоа, како гест на благодарност за довербата на нашите корисници, ја отпочнавме програмата ВЕРНА која до денес брои над 130 илјади членови, како и наградната игра „70 години Макпетрол“ во која учествуваа 1.127.788 трансакции “.изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД.

Претставниците на компанијата ги поканија потрошувачите и понатаму да ги користат картичките ВЕРНА, бидејќи иако наградната игра заврши за лојални корисници, поволностите од ВЕРНА програмата продолжуваат.

За оние кои сеуште не се дел од нашето ВЕРНА семејство ги поттикнувам да пополнат пристапница и да ја достават до најблиската бензинска станица“. – додаде Тасевски.

Овогодишниот јубилеј на нашата компанија беше повод за прославување, но и за поголемо вложување во развојот на нашата компанија. Тоа беше повод и за уште поголема посветеност на најголемата програма за лојалност во нашата држава, програмата ВЕРНА.

Преку оваа програма Макпетрол изразува благодарност кон своите потрошувачи и ги наградува за нивната лојалност преку собирање на вредносни поени, но и преку палетата на промоции и поволности на нашите продажни места. Самата бројка од  130 илјади члена на  ВЕРНА програмата за лојалност картички говори дека сме ја оправдале доверба на нашите корисници.

Наградната игра „70 години Макпетрол“, за која впрочем сме и денес собрани, е начин заедно со нашите верни потрошувачи, да го прославиме јубилејниот роденден на нашата компанија“. – изјави Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба на Макпетрол АД.

Во изминатите кола од наградната игра се доделија многу вредни награди од кои 240 ваучери за Кристал Кар, 320 ваучери со Верна поени, 160 ваучери за Лубекс моторни масла, 80 ваучери за гуми, 12 ваучери за викенд за двајца во хотелот Макпетрол во Струга, 6 ваучери викенд за двајца во хотелот Макпетрол во Маврово. Доделени беа и 18 лаптопи Dell, како и 3 скутери Хонда, автомобил Хонда Џез, чамец со мотор Honda 50 + приколка и џип Хонда ЦРВ.

Денес беа доделени и последните награди како дел од финалното зимско коло од наградна игра за 2017 година меѓу кои 3 Dell лаптопи и фантастичната Honda Civic.

Нимет Фејзулаху, Сељамин Ибраими и Ерол Ајрадиноски беа среќните добитници на лаптопи Dell, додека Сашо Ангеловски е најсреќниот добитник на прекрасната Honda Civic.

- Реклама -