Западните земји поддржувачи на Украина се согласија за безбедносни гаранции за Украина. Според францускиот претседател Макрон, 26 земји би испратиле војници.
Западните поддржувачи на Украина на состанок во Париз постигнаа согласност за широка рамка на гаранции за воена безбедност на земјата нападната од Русија. Под водство на францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, 35 шефови на држави и влади, некои лично, а некои преку видео врска, разговараа за тоа како би можела да се осигура безбедноста на Украина по евентуалното завршување на војната.
Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој исто така учествуваше на состанокот, постои согласност во рамките на „Коалицијата на волните“ за општата рамка на безбедносните гаранции. Силна украинска армија е од централно значење, рече тој по состанокот на групата во Париз. Понатаму, сите се согласија дека Русија отфрла каква било мировна иницијатива.
Макрон: 26 земји сакаат да испратат војници
Според Макрон, 26 земји се подготвени да распоредат војници за осигурување на евентуалниот прекин на огнот или мир во Украина. Овие земји формално се обврзаа да стационираат трупи во Украина како поддршка или да одржат присуство на копно, на море или во воздух за да ја зајакнат Украина по завршувањето на војната и да го осигуруваат евентуалниот мир, рече Макрон по консултациите. Тој не ги именуваше земјите.
Група луѓе седнати на бели столчиња околу бела маса на која има микрофони и документи а во заднина се гледа голем екран со мали прозорчиња со други лица кои се вклучени преку видео врска
Повеќе ТУКА




