„Дојче веле“: ЈО ќе ги преземе предметите од СЈО

И денеска во Министерството за правда ќе продолжи дискусијата за овластувањето што специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го испрати од притвор, со барање сите предмети, истраги и предистраги на СЈО да му бидат предадени на Јавното обвинителство, односно на Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Сепак, како што пишува „Дојче веле“, повикувајќи се на неофицијални извори, извесно е дека консултациите ќе завршат со заклучокот дека ЈО треба да ги преземе предметите, а извесно е и дека денеска ќе има таква одлука.

„Дојче веле“ потсетува и на изјавата на премиерот Зоран Заев за писмото од Катица, во која порача дека за него трансферот на случаите е логично решение и дека истиот нема да влијае на преговорите за Законот за Јавно обвинителство. Повеќе ТУКА.

- Реклама -