Не го спомнувајте името на ДУИ, за век и веков, амин!
Насловот е инспириран од скандалозната изјава на еден поранешен претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), кој побара од новинарите повеќе да не го прашуваат за имотниот лист на Никола Груевски. Тој си замина од функцијата, но духот на таквото поведение продолжи да живее.
Скандалозната „штафета“ ја презеде – каков аспурд – вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој од јули минатата година е именуван и за шеф на делегацијата и главен преговарач на Македонија со ЕУ. Кога ќе започнат преговорите и ќе се отвори поглавјето 23, меѓу првите теми ќе биде и „слободата на изразување“. Во досието за Македонија што ќе стои на преговарачката маса во Брисел, ќе биде нотиран и фактот дека главниот македонски преговарач во јануари 2019 година им се заканил со тужби на сите (партии и медиуми) што го ставиле ДУИ во контекст на обелоденетиот случај со злоупотреби во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Целиот текст прочитајте го на „Дојче веле“.