Докажано кога е најлесно да освоите жена

Ако сте во потрага по љубов што ќе ве згрее во зимските денови подобро е да почекате времето да се разубави.

Една студија објавена во магазинот „Social Influence“ тврди дека жените поверојатно е да го дадат својот телефонски број кога надвор е сончево отколку кога е облачно.

Француските научници испратиле група згодни момчиња со задача да кокетираат со млади жени во два градови на францускиот брег во мај и јуни.

Одбрани биле денови кога температурата била меѓу 18 и 22 степени Целзиусови, а деновите биле сончеви или облачни. Пет атрактивни 20-годишни момчиња биле испратени да им пристапат на жените. Секој морал да каже:„Здраво, се викам Антоние. Само сакам да ви кажам дека сте многу убава. Сакам и да ве прашам дали ќе ми го дадете вашиот телефонски број? Ќе ви се јавам подоцна за да одиме на пијачка“. Момчињата морале да се насмевнуваат, да ја гледаат жената во очи и да го причекаат нејзиниот одговор десетина секунди.

couple-talking-saidaonline1

Повеќе од 20 отсто од жените ги дале своите броеви кога надвор било сончево, а само 13,9 отсто од нив ја прифатиле понудата кога било облачно.

Авторот на студијата, Николас Гуеген, се повикува на некои претходни истражувања кои покажуваат дека луѓето се подобро расположени во деновите кога надвор има сонце, односно дека мажите подобро кокетираат кога времето е убаво.

- Реклама -