Новата студија докажа: Mажите навистина гледаат во женските тела повеќе отколку во нивните лица. Бонус: не само мажите.
„Се досега, немавме доказ дека луѓето повеќе гледаат во женските тела. Имавме признанија од жените, но ова е прв труд што го документира ова човечко однесување“, вели Сара Гервајс, социјален психолог на универзитетот во Небраска, Линколн.
Учесниците – 29 жени и 36 мажи биле надгледувани од системи за следење на окото, кои во милисекунди мерат колку долго очите се фокусирани на одредена точка. Им биле дадени фотографии од 10 жени, секоја со 3 различни варијанти на дигитално манипулирани форми на телото, една „со облини“, една без, и една помеѓу. На испитаниците им биле покажани само женските тела.
Двата пола го фиксирале погледот подолго на женските гради и колкови, а помалку на лицата. Телата со поголеми гради, потенки струкови и поголеми колкови предизвикале подолго загледување.
Студијата, исто така, заклучува дека дури и кога на мажите им се сугерира да се фокусираат на проценката на експресиите и карактерот на жените, оние „позаоблените“ добиваат попозитивни оценки за личноста.
Кун Гио, кој исто така користи направи за следење на очите, вели дека технологијата обезбедува пообјективни резултати од анкетите, кои се субјективни. „Убавината на движењето на очите е во тоа што потешко можете да го инхибирате“.
Освен еволуционото – мажите бираат поподобна мајка која ќе го носи нивното дете, а жените ја проценуваат конкуренцијата, студиите не понудија други објаснувања за тоа зошто луѓето посветуваат најголемо внимание на овие физички карактеристики.