Доктор предлага најдобра храна за намалување на шеќерот – ќе им се допадне на дијабетичарите

Луѓе ширум светот страдаат од дијабетес, а исхраната игра посебна улога во справувањето со оваа болест.

Докторката Меги Пауерс откри која храна би било добро да се избере за да се држи шеќерот под контрола. На прво место се лиснатиот, зелен зеленчук, особено спанаќот.

Исто така, според д-р Пауерс, добро е да се јаде зелка, но и храна богата со протеини како јогурт, свежо сирење, јајца, посно месо и путер од кикирики.

Пауерс забележува дека дијабетичарите можат да консумираат и овошна вода што самите ја подготвуваат. Лимонот или краставицата треба да се додадат во обична вода и да се остават да отстојат 24 часа пред да се консумираат.

Прочитајте и:  Лекар предупредува дека на повеќето луѓе им недостасуваат овие 5 витамини

Да потсетиме дека повеќето симптоми на почетокот на болеста не се видливи, а најчести се жед, сува уста, нагло слабеење, често мокрење, зголемен глад, замор и исцрпеност.

- Реклама -