Што е она што нè дефинира како луѓе? Дали е тоа љубовта, дали е тоа војната? Смеењето, плачот? Нашата љубопитност?
Инспириран од овие прашања, режисерот и уметник Јан Артур Бертранд поминува три години колекционирајќи вистински животни приказни на 2.000 жени и мажи од 60 држави. Работејќи со цел тим од преведувачи, новинари и камермани, Јан навлегува длабоко во темите кои што нè засегаат сите нас – војна, хомофобија, иднината на планетата помешано со моменти на љубов и среќа…
Во продолжение можете да го погледнете целиот документарец, закачен во неколку дела.