Документарец: Го шпионирал крадецот на својот телефон-мамка со скриена апликација

anthony-van-der-meer-find-my-phone-3[1]

Антони ван дер Меер од Холандија е студент по филм кој ја имал несреќата да му го украдат ајфонот. Помислата дека рандом странец има пристап до сите тие негови лични податоци била тоа што најмногу го плашела. Кој би украл телефон? Каде одат овие телефони? Ова биле дел од прашањата што го мачеле Антони. Па решил да истражи.

За да стигне до одговорите, Антони дозволил да му украдат уште еден телефон, овој пат намерно, и не само за да го следи крадецот со скриена апликација, туку притоа и за да го сними овој освестувачки документарец со наслов „Find my Phone“.

Користената ­spyware апликација се вика Cerberus. Со нејзина помош, ван дер Меер можел далечински да го следи и контролира телефонот секогаш кога телефонот воспоставувал интернет конекција. Така Антони ги слушал телефонските разговори на крадецот, ги читал неговите пораки, а дури и снимал аудио и видео. Сето тоа е собрано во 21-минутен документарен филм, чија примарна цел е да истакне и потсети колку е лесно некој да биде шпиониран во оваа дигитална ера што ја живееме.

Според последниот апдејт, телефонот на Антони завршил во Романија.

 

- Реклама -