Ако и Вие сте во потрага по совршениот ролат, а никој од понудените во маркетите не одговара на Вашиот вкус – тогаш овој рецепт e создаден за Вас. Направете домашен брауни-ролат и изненадете ги ченовите на Вашето семејство, цимерите или пријателите.
Брауни:
- 140g кршена црна чоколада
- 50g путер
- 50g кафен шеќер
- 1 јајце
- 35g сенаменско брашно
Бела торта:
- 120g путер
- 100g шеќер
- 2 јајца
- 120g сенаменско брашно
- 2g пециво
- 50ml млеко
Загрејте плехче во облик на ролат на 180 степени. За да го направите браунито, стипете ја чоколадата и путерот на слаба топлина. Додадете го шеќерот, јајцето и брашното додека не добиете хомогена смеса со миксер. Печете 15 минути.
За белиот дел, измешајте го путерот со шеќерот додека не добиете кремаста смеса. Додадете ги јајцата, па брашното и пецивото, па на крај млекото.
Истурете ја смесата врз браунито и печете уште 25-30 минути на 160 степени.