Помага после првото нанесување.Се подготува од едноставни состојки, кои во кујната ги има секоја домаќинка. Овој рецепт сакаме да го споделиме со вас, бидејќи е навистина делотворен и помага уште веднаш.
На сите нас ни е познато болното чувство во зглобовите. Обично болката ја чувствуваме на колената, рамениците, лактите. Се чувствуваме скршено. После четириесеттата веруваме дека е тоа попатна појава на стареење. А што ако болките се појавуваат во 26-30 година? И тоа е старост? Нормално, причина можат да бидат трауми, преоптоварување, скршеници, артритис, реума, но сега нема да навлегуваме во тоа, туку конкретно во решението против болките.
За подготовка на маста ќе ви бидат потребни: мед, сенф (најдобро е да лути), сол и сода. Од се по една супена лажичка. Сетоа тоа добро промешајте го до хомогена смеса. Ставете во празна кутија од крема или некоја друга амбалажа. Тоа ќе биде вашата маст за спас.
Употреба: Болното место добро намачкјате го со оваа маст и направете облога, односно ставете најлонска ќеса и заврзете ја со топол, најубаво со жежок шал. Така држете 1,5 – 2 часа. Процедурата најдобро е да ја направите пред спиење, за по отстранувањето на облогите, болниот зглоб да остане во смирена состојба. Наутро измијте ја.
Не ограничувајте се со еден третман, повторете го 4-5 дена по ред. Ефектот ќе се почувствува после првата процедура. Потоа повторете го по потреба. Маст ќе имате доволно за неколку дена. Чувајте ја во ладилник.