Ретко кој човек не сака десерти, а оној што намногу го паметиме од детството е пудингот. Но, пудингот не мора секогаш да биде направен од готов прав во кесе, туку може да се обидете да си поготвите и домашен. Еве како:
Состојки:
4-5 банани
5 лажици кафеав шеќер
3 мали лажички нишесте (густин)
10 гр. путер
1 мала лажичка ванила екстракт
1 мала лажичка цимет
сол
Подготовка: Најпрво на плех ставете хартија за печење, посипете насекаде со 2 лажици од кафеавиот шеќер и цимет. Излупете ги и исечете ги бананите на половина, па ставете ги на посипената хартија и оставете да се печат во рерна на 200 степени, 15-20 минути. Додека бананите се карамелизираат, во сад измешајте 3 лажички нишесте, прстофат сол и преостанатиот кафеав шеќер. Варете ја смесата со постојано мешање да не останат грутчиња, се додека не се формира погуст крем. Потоа тргнете го од оган и додадете 10 гр путер и екстракт од ванила. Кога бананите ќе потемнат и шеќерот ќе почне да се карамелизира, исклучете ја рерната и оставете уште неколку минути, па потоа извадете го плехот. Веднаш штом малку ќе се изладат, бананите со растопениот шеќер и циметот префрлете ги во садот со кремот. Измешајте добро со миксер и добивате домашен пудинг!