Домашен тест за Кандида

Кандидата е габа и многу нејзини видови не се здравствено опасни. Нормално е да имаме мало ниво од оваа габа во нашето тело. Но некои видови можат да бидат штетни по вашето здравје, или пак доколку се најдат безопасните видови на погрешно место во вашето тело, можат да предизвикаат проблеми.

Ќе ви преставиме домашен тест, како едноставно, безплатно и сигурно да утврдите дали имате зголемено ниво на кандидаво 4 чекори.

1. Пред да одите на спиење, наполнете една чаша со чиста вода и оставете ја покрај креветот.

2.Наредното утро одма штом ќе се разбудите, плукнете во чашата. Не се обидувајте да собирате поголемо количество на плунка, само тоа што ви се наоѓа во устата откако ќе се разбудите, тоа плукнете го.

3.Оставете ја чашата 15 минути.

4.Најдете извор на светлина и погледнете во чашата.
-Доколку вашата плунка останала на површината на водата или пак се растопила, со вас се е во ред. Нормално е доколку во водата има меурчиња на воздух.
-Доколку водата се заматила или пак се гледаат ленти од плунката, кои се спуштаат надоле, или доколку целата плунка се собрала на дното на чашата, постои голема можност да имате преголема количина на кандида во вашиот организам. Во ваков случај треба да се советувате со вашиот матичен лекар.

Прочитајте и:  Лекар предупредува дека на повеќето луѓе им недостасуваат овие 5 витамини

Симптоми на зголемениот раст на кандида во вашиот организам:
Хронични габични инфекции со чешање, печење и појачан исцедок, надуванос и гасови, грчеви, дијареа, констипација, алергии, кивавица, затнат нос, хроничен исцедок од носната шуплина, зачестено кашлање, болка во грлото, астма, мала алергија на храна, хроничен умор, симптоми на нервниот систем како што е анксиозност, иритабилност, слабо памтење и слаба концентрација, проблеми со менструалниот циклус.

- Реклама -