ДОМАШНА ТУРШИЈА: Воопшто не заостанува зад онаа купечката

Потребно е:

1 кг краставици
500 гр црвен пипер
500 гр карфиол
500 гр моркови
3-4 чешниња лук
1 л вода
300 мл оцет
100 гр сол
1 лажица шеќер
зрна бибер по вкус

Подготовка:

Измијте го и исечете го зеленчукот на парчиња по желба. Загрејте ја водата во тенџере, додадете оцет, сол, шеќер и зрна бибер, па сварете. Наредете го зеленчукот во стерилизирани тегли, а меѓу нив ставете ги чешнињата лук. Зеленчукот прелијте го со топла саламура, цврсто затворете ги теглите и оставете ги да се изладат.

- Реклама -