65 отсто од најсреќните луѓе консумираат повеќе од 240 грама овошје и зеленчук дневно, покажуваат резултатите од британско истражување.
Користа од овошјето и зеленчукот, за да се намали ризикот од дијабетес и мозочен удар, е добро позната. Новата студија сепак открива благотворен ефект од консумирањето на овошје и зеленчук – излегува дека истите се корисни и за менталното здравје.
Авторите на студијата користеле податоци за 13 983 лица над 16-годишна возраст, кои учествувале во здравствена анкета во 2010 година и 2011 година.
Резултатите покажуваат дека над една третина од учесниците со добро ментално здравје консумираат најмалку 5 порции овошје и зеленчук дневно. Едвај 6,8 отсто од учесниците во истата група се ограничуваат до една порција овошје и зеленчук дневно.
Една порција е еквивалент на 80-100 грама. 31 отсто од учесниците без психички проблеми консумирале меѓу три и четири порции овошје и зеленчук дневно, а 28 проценти – две порции.
Истражувачите заклучиле дека конзумирањето на овошје и зеленчук ги прави луѓето посреќни отколку алкохолот.
Резултатите од истражувањето се објавени во „Бритиш медикал журнал”.