Раскошниот дом на Сека Алексиќ

Српската пејачка Сека Алексиќ на Твитер објави фотографија од нејзината вила чија вредност се проценува на над половина милион евра.

Пејачката во 2009 година го купила плацот од 100 акри во близина на Стара Пазова. Тогаш почнала да ја гради вилата. Раскошната куќа најверојатно вреди околу 800 илјади евра, а нејзината изградба завршила пред неколку месеци кога е завршен базенот.

sekaa

Вилата, која има и помошен објект во кој се сместени гаража, теретана и просторија за обезбедувањето и останатиот помошен персонал, зафаќа површина од 650 метри квадратни. Целата куќа е обложена со скапоцен гранит, а директно од дневната се влага во базенот од 100 квадрати, со електричен покрив. Поради големата љубов кон чивавата, Сека една соба наменила за нејзиното милениче.

seka-pas

 

- Реклама -