Ексдиректорот на Фондот за здравствено осигурување – Ден Дончев, не бил приведен, туку поканет на разговор во полициската станица Карпош, каде денеска, во закажаното време во 16 часот, уредно самиот се пријавил, велат од МВР за „А1он“.
„Јас сум со семејството, не сум уапсен“, изјавил тој за порталот, најавувајќи тужби за порталите што објавиле дека е уапсен, доколку не ја повлечат лажната вест.
Според „САКАМДАКАЖАМ.мк“, кој се повикува на извор близок до ексдиректорот на ФЗО, иако не бил повикан во својство на осомничен, туку во својство на граѓанин – за да даде информации за снимката на која се гледа како зема купче пари, Дончев во полициската станица дошол со својот адвокат. Таму, пишува порталот, се задржал не повеќе од 15-тина минути. Дека разговорот траел кратко велат и неофицијалните информации на „А1он“, според кои Дончев си заминал откако било констатирано дека нема докази против него.
Од полициски извори, пак, „САКАМДАКАЖАМ“, открива дека Дончев одбил да каже кој го снимил и зошто во рацете држи пари. На инспекторот му рекол дека видео парчето е извадено од контекст, а повикувањето во станица го окарактеризирал како политичка хајка пред избори. Повеќе ТУКА.