Дончиќ го комплетираше регуларниот дел од сезоната.

Лос Анџелес Лејкерс се соочуваат со сериозна состојба на крајот од регуларниот дел на НБА сезоната. Лука Дончиќ не ќе биде достапен за својот тим до стартот на плејофот поради повреда на грбот.

Калифорници потврдија дека станува збор за истегнување од втор степен на левата нога, што подразбира подолго време за закрепнување. Повредата се случи за време на убедливиот пораз од Оклахома.

Во моментов, Лејкерс имаат скор од 50-27.

Дончиќ оваа сезона ја има исклучителна форма во дресот на Лејкерс, што е негова прва целосна сезона по трансферот од Далас. Неговиот учинок е импресивен: 33,5 поени, 8,3 асистенции и 7,7 скока по натпревар.

Фото/ Depositphotos

Прочитајте и:  Тројната заштита од игрите на среќа ќе биде уставно-правен предизвик: Уставот гарантира слобода на пазарот и претприемништвото.