Дориан Бабунски го потпиша својот прв договор со Реал Мадрид

Помалиот брат на Давид, Дориан Бабунски вчера стави потпис на својот прв договор со Реал Мадрид.

Дориан Бабунски кој минатиот месец наполни 17 години, вчера во канцелариите на Реал Мадрид потпиша три годишен договор со Кралскиот клуб.

Дориан заедно со неговиот брат Давид Бабунски беше дел од школата на ФК Барселона, но патот го одведе до младинските категории на Реал Мадрид, каде што минатата сезона беше најдобриот стрелец во својата генерација.

Одличните настапи на Дориан Бабунски не останаа незабележани од раководството на клубот, неговиот потпис е убава подлога за почеток на една голема фудбалска кариера.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

Прочитајте и:  Модриќ пред Пушкаш - ќе стане најстариот играч во историјата на Реал Мадрид
- Реклама -