Доживотна суспензија за претседателот на турскиот прволигаш за нападот врз судија

Претседателот на турскиот прволигаш Анкарагучу, Фарук Коча, е казнет со доживотна забрана за работа во фудбалот, откако физички нападна судија на терен.

Инцидентот се случи во понеделникот вечер на прволигашиот натпревар меѓу Анкарагучу и Ризеспор на кој гостинскиот тим освои бод ремизирајќи 1-1 со гол постигнат во седмата минута од судиското продолжение.

Непосредно по завршување на дуелот Коча втрча на теренот и со тупаница го удри во главата главниот судија Умут Мелер. Откако падна на земја, Мелер уште неколку пати беше удрен со нога и беше пренесен во болница од каде беше пуштен во средата.

Првиот човек на Анкарагучу беше уапсен ден по инцидентот.

Турската фудбалска федерација (ТФФ) ја казни и Анкарагучу со пет натпревари на домашен терен без присуство на публика, како и глоба од 65.000 евра.

Прочитајте и:  Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани
- Реклама -