Дознала дека е бремена ден пред погребот на нејзиниот сопруг

Двојката се обидувала да забремени седум години.
По седум години поминати во обидување да забремени, Кристи Киршнер конечно открила дека е бремена дента пред да го погреба својот сакан сопруг.

Screenshot_3

Ројс Киршнер, 35, ја придружувал Кристи на нејзиниот прв циклус на вештачко оплодување, пред неговата кола да се преврти и удри во дрво, пренесува Daily Mail. Две недели пред фаталната несреќа, австралиската двојка го откажала животното осигурување на Ројс, а Кристи дала отказ од својата работа за да се фокусира на својот третман за вештачко оплодување. Тие штеделе три години за да соберат доволно пари за да го започнат процесот на оплодување.

Кристи го документирала процесот на нејзиното забременување на YouTube каналот „ConceiveABaby“. Таа ја споделила ужасната вест во срцепарателно видео.

„Целиот мој живот како што го знам се промени“, вели таа низ солзи. Таа вели дека размислувала за самоубиство по неговата смрт, но потоа открила дека ќе има нова принова во нејзиното семејство.

„Како универзумот дозволува да се мачиме седум години да направиме бебе, а потоа да го земе мојот сопруг речиси на денот на моето зачнување?“.

Таа вели река Ројс знаел дека таа е бремена пред да го направи тестот. „Тој ми го бакнуваше стомакот, тој веќе велеше „ве сакам и двете“, посочувајќи на стомакот и беше на седмо небо“, вели таа.

Пријателите и блиските на Кристи се здружиле за да помогнат во овие тешки времиња за неа. Тие собрале речиси 20.000 долари за да ги покријат трошоците за погребот, медицинските третмани и да понатамошната иднина на детето.

Screenshot_5

Таа на Инстаграм напишала колку е благодарна за помошта која ја добила кога најмногу ѝ била потребна. Таа моментално е во деветтиот месец од бременоста.

- Реклама -