Имаа бурна и јавна врска, а изгледа дека емоциите не згаснале се уште.
На роденденската забава на Тејлор Свифт минатиот викенд во Њујорк, било многу драматично. Освен што пристигнале бројни ѕвезди кои го славеле 25-иот роденден на популарната пејачка, таму присуствувала и нејзината најдобра пријателка Селена Гомез.
Но, не поминала забавата без драма. Us Weekly пишува дека Селена се вознемирила кога пристигнал нејзиниот поранешен дечко Џастин Бибер на прославата. Викала со сиот глас: „Никој не ме разбира. Ни сопствениот дечко!“, открил извор кој присуствувал на забавата.
Селена во драмата излегла надвор, па медиумите шпекулираат дека очигледно младата пејачка уште е заљубена во својата прва љубов.
Таа и Џастин беа во врска три години.
Неодамна Селена објави емотивна песна’Heart Want’s What it Wants’ која многумина ја поврзаа со Џастин.