Неодамна од печат излезе книгата драми на познатиот полски драматичар и прозаист Славомир Мрожек под наслов „Драмски дела“ во издание на „Перун Артис“.
– Она што плени најмногу кога го читаме Мрожек е неговиот горчлив хумор обвиткан во суптилната иронија чиј апстракт е секогаш главниот двигател на неговите драмски дела. Целата негова драматика е собрана во тој ирониски механизам, создавајќи дијалог кој реалитетот го прекршува низ огледалото на политичката и социјална алогичност и деструктивност. Нам ни е препознатлив по неговите најзначајни драмски дела како „Танго“, „Полицајци“, „Пеш“ итн, но во оваа книга се драмите од неговата последна фаза „Преподобните“ и „Прекрасна глетка“ каде што тој се занимава со религијата и тероризмот како теми кои се најгорливи во 21 век – вели издавалот.
Напишани на самиот почеток на новиот век и двете пиеси се занимаваат со аномалијата на човековата неукост и самодеструкција и двете се полни со густи дијалози изговорени од комплексните ликови чие внатрешно страдање е големо, но и чија духовна дисторзија е рамна на цивилизациска катастрофа. К
нигата може да се најде во книжарниците на „Три“ (ГТЦ), Полица, Или-Или, Литература.мк (улица Македонија) и Илика.