Драмски театар со претставата „Диши“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони

Драмски театар Скопје со претставата „Диши“ вечерва ќе настапи на хрватскиот остров Бриони во рамки на летното издание на фестивалот на Регионалната унија на театри, РУТА.

Претставата ќе биде изведена на големата сцена на театарот „Ulysses“.

Текстот „Диши“ е на Данкан Макмилан и е напишан во 2011 година. Режисер на претставата е Димче Николовски, драматург Александра Бошковска, сценографијата е на Илија Николовски, а костимограф е Раде Василев. Улогите ги толкуваат Јасмина Василева и Димитрија Доксевски.

„Диши“ е современа, длабоко интимна, истовремено универзална и еколошка – глобална драма која низ повеќе животни циклуси на љубовната врска, на духовит и прониклив начин, го следи младиот пар М и Ж (M&W) додека контемплира на различни прашања за смислата и бесмисленоста, за надежта и предавствата, за промените и за смртта, за создавањето на нов живот и за крајот на светот.

Со претставата „Диши“, Драмски театар Скопје гостувал во Сараево во рамки на фестивалот РУТА и во Приштина на Интернационален театарски фестивал.

.

- Реклама -