Дрога, алкохол и секс афери: Сите скандали на принцот Хари

Принцот Хари, кој денес полни 30 години, зад себе има значителен број на скандали кои во текот на годините им задаваше главоболка на кралското семејство.
Првата „лоша“ работа која ја направил кога имал само 16 години е користење на марихуана. Тогаш неговиот татко Чарлс го испрати во клиника за одвикнување за да му објаснат колку дрогата и алкохолот можат да бидат опасни.

Screenshot_14

Тоа него не го исплашило премногу, бидејќи од година во година е виден како во раните утрински часови излегува од клубовите, и во најмала рака, поднапиен! А кога сте дел од кралското семејство тоа во никој случај не е прифатливо.

На 20 години е уапсен за напад на фотограф пред еден клуб. Во таа гужва добил фотоапарат во лице поради што неговото лице станало уште поцрвено од вообичаено.

Screenshot_15

Еден од најголемите скандали беше оној кога Хари на маскембал се појави во нацистичка униформа. Сликата, се разбира, заврши на насловните во весниците со наслов „Хари е нацист“. Тој набрзо се извини на сите, бидејќи токму таа година било одбележувањето на 60-годишнината од ослободувањето на Аушвиц. Неговиот лош избор на костум предизвика шок и бес низ целиот свет.

По тоа, хари имаше многу девојки но тоа не е некој скандал. Вистинскиот скандал следеше во 2012 година, кога во еден хотел во Лас Вегас бил фотографиран во издание „како од мајка роден“, како се забавува со исто така гола девојка.

Screenshot_18

Принцот за своето лудо забавување го обвини стресниот живот во војска. Кралскиот двор уште еднаш се извини за неговото однесување.

Screenshot_20

Тоа што наполни 30 години не значи дека ќе ги промени сите свои навики и дека ќе се откаже од своите пороци. Дури, сигурни сме дека медиумите ќе имаат уште повеќе материјал за пишување.

 

- Реклама -