Дру Баримор: Жените не можат да се справат со сè

Според Дру Баримор, жените не можат да имаат сè – и кариера, и деца, и љубов.

„Сигурно ќе си навлечам многу критики, но ќе кажам: Жените не можат да се справат со сè. Квантната физика го докажува тоа. Не може да вршите во исто време толку многу нешта. Чисто математички не е можно “, изјави во интервју славната актерка.

Поради оваа причина Баримор одлучи да го напушти киното за сметка на козметичката индустрија, развивајќи ја својата сопствена марка.

„Ми се допаѓа бјути индустријата, бидејќи дури и во работен ден се будиш до децата, одиш на работа и потоа повторно минуваш дел од времето со нив – еден нормален живот, а не како во филмовите, кога отсуствувате од домот со месеци. Веќе не би можела да го правам тоа. Кога имате многу работи и една од нив е семејството, нешто неминовно треба да се исфрли. Инаку нема да бидете добар родител “, дополнува Баримор, која е мајка на две деца.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Тоа не значи дека воопшто нема да ја гледаме на големиот екран. Само внимателно ќе ги избира проектите и дефинитивно нема да снима неколку филмови во годината.

- Реклама -