„Друга приказна“ – Фестивал кој ги поддржува гласовите на малите, но значајни издавачи

Оваа година, по првпат на новата локација Кафе Станица, фестивалот ќе понуди богата програма исполнета со книжевни разговори, промоции, натпревари и музички настапи, во кои ќе учествуваат десетина странски гости и дваесетина учесници од Македонија. Дел од програмите ќе се одржат во Јадро и Ла Кања. Особено значајно е што пред само еден месец беше организирана кампања за собирање финансиски средства, која овозможи фестивалот успешно да се одржи и годинава, покажувајќи ја посветеноста на заедницата кон промовирање на независната литература и култура.

Организиран од книгоиздателството „Темплум“, „Друга приказна“ продолжува да биде платформа за дијалог и размена на идеи, поддржувајќи ги гласовите на малите издавачи и автори.

ПРОГРАМА

Петок, 30 август

КАФЕ СТАНИЦА (Ленинова 64а)

19.00.

– „30 години Маргина, 15 години Окно“; со Никола Гелевски разговара Александра Бубевска

– Промоција на првите пет тома (25 мали книги) на новата едиција OK.NO.

21.00.

– „Овде паѓаат крупни зборови“

Книжевен натпревар со мали фикции, на тема: „Туѓо тело“; учествуваат: Ѓурѓица Чилиќ, Маријана Чанак, Томислав Марковиќ, Будимка Поповска, Хана Корнети и уште десетина писател(к)и од Македонија и регионот; водител: Владимир Лукаш

Сабота, 31 август

ЈАДРО (Алберт Ајнштајн 2)

од 12.00. до 17.00.

– Отворена работилница за современ вез, „Текстилен весник“, со Милица Дукиќ (Нови Сад/Краљево)

КАФЕ СТАНИЦА

19.00.

– Разговор со Адел Зиад (Назарет); водител: Артан Садику

– Промоција на Маргина # 96 (посветена на Палестина; промотор: Здравко Савевски)

20.00.

– „Што нам ни значи Палестина?“, разговор
Јерко Бакотин (Сплит), Сара Миленковска, Никола Гелевски, Артан Садику; водителка: Фросина Крушкаровска

21.30.

– Вечер на лауреатот – Семездин Мехмединовиќ (разговор; водител: Никола Гелевски)

22.30.

ЛА КАЊА (Стара чаршија)

– Музичка програма: Дуда Буржујка и Хана Корнети

Недела, 1 септември

ЈАДРО

17.00.

– Изложба/презентација
Милица Дукиќ: „Текстилен весник“

КАФЕ СТАНИЦА

18.00. до 20.30.

– Серија разговори со писател(к)и

Ѓурѓица Чилиќ (Загреб), Маријана Чанак (Суботица), Томислав Марковиќ (Белград), Јерко Бакотин (Сплит), Дуда Буржујка (Ниш)… Водителки: Калина Малеска, Љупка Евроска…

21.00.

– „Каде припаѓам?“

Промоција на книга произлезена од конкурс за стрип на Хера и Темплум, и доделување на наградите на Луција Давиткова, Гаја Смилевска и Сара Ангеловска

- Реклама -