Друштвените сајтови попопуларни кај жените

сурфањеСпоред извештај на comScore, компанија која врши истражување на дигиталниот пазар, друштвените сајтови се попосетени од жените. Нивните податоци укажуваат дека 76% од жените ги посетуваат овие сајтови спредено со 70% од мажите.

Според извештај на comScore, компанија која врши истражување на дигиталниот пазар, друштвените сајтови се попосетени од жените. Нивните податоци укажуваат дека 76% од жените ги посетуваат овие сајтови спредено со 70% од мажите.

сурфањеЖените исто така поминуваат повеќе време на друштвените сајтови, во просек 5,5 часови неделно додека мажите посветуваат само четири часа на оваа активност. Релативната важност на овие сајтови варира во различни земји и многу зависи од локалната култура, но без разлика за кој регион се работи, жените се подруштвени на интернет од регионалните припадници на спортивниот пол. Од сите жени кои го користат интернетот, дури 94% од жените во Јужна Америка ги посетуваат друштвените сајтови. Во Северна Америка 91% во Европа 86% а во Источна Азија каде што сè уште има ниско ниво на достапност до интернет и висок степен на рeстрикции 55% од жените ги посетуваат сајтовите.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Интересно е што најголем пораст има кај категоријата на жени постари од 45 години додека најголем број на корисници припаѓаат во категоријата 15-24 години. Иако мнозинството од корисниците на интернет се мажи, жените сепак поминуваат околу 8% повеќе време или во просек околу 25 часа месечно на интернет. Разликата помеѓу мажите и жените станува очигледна кај постарите категории, додека процентите се слични во категоријата 15-24. Kај лицата постари од 55 години жените се околу 10% позастапени. [Women Spend 30% More Time on Social Web Than Men]

- Реклама -