Државна помош и за самостојните вршители на дејност, ќе добијат по 17.410 денари за октомври, ноември и декември

На денешната 15-та редовна владина седница, Владата на РСМ, меѓу останатите одлуки, го утврди и текстот на Предлог законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствен економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

„Целта на овој предлог-закон е да се обезбеди финансиска поддршка за вршителите на самостојна дејност во последниот квартал од 2020 година, со месечен износ во висина од 17.410 денари месечно за физичкото лице кое врши самостојна дејност“, се наведува во соопштението.

- Реклама -