Дубаи гради нов уникатен облакодер, базата е во форма на отпечаток од прстот на шеикот (ВИДЕО)

Престолнината на луксузот, но и облакодерите – Дубаи, ќе добие нова меганаселба која ќе ја краси уште една уникатна кула.

Според проектот на државната инвестициска компанија „Дубаи Холдинг“, кулата ќе се нарекува Бурџ Џумеира и ќе биде висока 550 метри. Според планот, облакодерот ќе биде опкружен со мешовита станбена и комерцијна зона наречена „Downtown Jumeira“. Изградбата е веќе започната, а компанијата очекува првата фаза да биде комплетирана веќе до 2023-та година.

Дизајнот на Бурџ Џумеира е инспириран од песочните дини и оазите, а облакодерот, всушност, ќе претставува огромна панорамска платформа од која ќе се гледа целиот град. На самиот врв, во делот наречен „круна“, ќе се наоѓаат ресторан и бар.

Се разбира, во споредба со Бурџ Калифа – која е висока 828 метри, не може да се рече дека висината ќе биде најважната карактеристика на новата Бурџ Џумеира. Но и нема потреба, затоа што уникатноста на новата кула ќе произлегува како од дизајнот на самата кула, така и на базата, која е замислена во облик на отпечаток од палецот на шеикот Мохамед бин Рашид. Според плановите, „отисокот“ ќе вклучува амфитеатар за културни настани, како и впечатлива фонтана.

- Реклама -