Во Дубаи во план е изградба на 80-катен облакодер, чии катови ќе се вртат 360 степени на секои 90 минути, информира Curbed.Дизајнот на зградата е дело на архитектот Дејвид Фишер од Dynamic Architecture, а самиот облакодер личи на Рубикова коцка. Проектот е објавен од поодамна, но наводно сега е во план истиот да се реализира. Според видеото за проектот, станарите ќе добиваат различен поглед бидејќи станот ќе им се врти полека, во текот на целиот ден. Погледнете го и видеото кое го промовираше амбициозниот проект: