Дуда ги повика НАТО членките да ги зголемат трошоците за одбрана на 3% од БДП

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда денеска ги повика другите членки на НАТО алијансата да ги зголемат своите национални одбранбени распределби од сегашните два до три проценти од бруто домашниот производ (БДП), бидејќи Русија се префрли на „воена економија“ и продолжува да води војна против Украина.

Дуда тоа го изјави во Варшава и напиша во напис во „Вашингтон пост“ во пресрет на утрешната посета на Белата куќа, каде заедно со полскиот премиер Доналд Туск треба да се сретнат со американскиот претседател Џозеф Бајден.

„Руските империјалистички амбиции и агресивниот ревизионизам ја туркаат Москва кон директен конфликт со НАТО, со Западот и пред се, со целиот слободен свет“, напиша Дуда во „Вашингтон пост“.

Прочитајте и:  Блумберг: Европа ќе мора да ги удвои трошоците за одбрана поради војната во Украина

Во 2014 година, членките на НАТО се согласија да ги зголемат трошоците за одбрана на два отсто од БДП.

- Реклама -