Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска изјави дека одлуката на американскиот претседател, Џо Бајден, да и дозволи на Украина да користи оружје произведено од САД за да напаѓа длабоко на руска територија, најверојатно ќе биде решавачки момент во војната меѓу двата соседа, пренесуваат британските медиуми.
-Оваа одлука беше многу неопходна. Русија гледа дека Украина ужива силна поддршка и дека ставот на Западот е непопустлив и одлучувачки, изјави Дуда.
Полскиот претседател нагласи дека „тоа е многу важно“ и дека е тоа „потенцијално одлучувачки момент во оваа војна“.