ДУИ: Длабоко сме вознемирени од говорот на омраза и ширењето на национализмот кај македонските политички претставници

Демократска Унија за Интеграција, преку соопштение, изрази „длабока вознемиреност за реакциите на претставниците на македонските политички партии по повод започнување на легитимната инициатива за изборот на Првиот Премиер Албанец во Северна Македонија“.

Говорот на омраза и ширењето на национализмот кај македонските политички претставници, како што вели ДУИ, зборува за неподготвеност на општеството за потполна рамноправност и за еднаков третман на сите граѓани.

„Првиот Премиер Албанец ќе биде премиер на еднаквоста, премиер на сите, на развојот и Американското партнество и ќе ги преставува интересите на секој граѓанин на најдоследен можен начин.

Советникот на Градоначалникот на Општина Бутел, кој истотака се избра со гласовите на Албанците, јавно ја предводеше омразата за идејата на Првиот Премиер Албанец и на Албанците воопшто, што е разочарувачки потег и за кривична одговорност пред државните органи.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Ние ги повикуваме македонските партии да се воздржат од говорот на омраза и да ја прифатат демократската трка за премиер на нашата земја“, се вели во соопштението.

- Реклама -