ДУИ е за предвремени парламентарни избори, ама во 2024-та, заедно со претседателските

„За мене во првите 100 дена од оваа Влада најважното е стабилноста. Во тешки времиња за нашата земја и за регионот и светот, граѓаните бараат Влада што е стабилна, има нагласено парнерство со НАТО, со ЕУ и со САД. Влада која раководи со прогресивна коалиција и одговара на потребите на граѓаните, а не владина коалиција раководена од една партија што смета дека руската агресија во Украина е легитимна и правилна“, изјави првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците – Артан Груби, во излагањето на денешниот форум „100 дена од мандатот на новата Влада на Република Северна Македонија”.

ДУИ, како учесник во оваа коалиција, рече Груби, смета дека предвремени парламентарни избори може да се одржат во април 2024 година, заедно со претседателските избори.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

„ДУИ како дел од оваа коалиција го поддржува силно парламентарното мнозинство и владината коалиција и овде сме да ги реализираме овие проекти. На граѓаните не им требаат авантури, им треба одговрна, социјална Влада, која ги слуша граѓаните и ги реализира нивните барања“, порача Груби на форумот.

Тој додаде дека оваа Влада не сака Северна Македонија да отстапи од НАТО и од ЕУ, да ги наруши односите со Косово (непризнавајќи ја независноста на Косово), да ги наруши односите со Албанија и односите со нашиот сосед Грција (нарушувајќи го Преспанскиот договор), или односите со Бугарија (укинувајќи го Договорот за добрососедство), но и да ги наруши односите, како што рече, меѓу Албанците, Македонците, Ромите, Турците, Србите, Власите, Бошњаците и сите граѓаните во нашата земја, укинувајќи го мировниот Охридски договор.

Извор: МИА

- Реклама -